![ubistvo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/ubistvo.jpg?resize=640%2C410&ssl=1)
Еднo лице е убиено, а две се тешко ранети во мафијашка пресметка која се случила ноќеска по полноќ на улицата „Рузвелтова“ во центарот на Скопје во близина на Специјалното јавно обвинителство.
Првичните информации велат дека убиено е лице од скопско Арачиново, познат криминалец, роднина на Џелал Ајети, кој исто така беше убиен во мафијашка пресметка.
Убиениот бил пресретнат од автомобил додека со своето возило се движел по улицата „Рузвелтова“, и веднаш било пукано кон него. Истрелани се неколку десетици куршуми. Засега не се знае кои се убијците, ниту од какво оружје е пукано.
На 29.09.2018 год. во 00,30 часот на улицата „Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на СЈО пукано е во ПМВ „Сеат Алтеа“, каде што во возилото биле лицата Наим Аети (1974) од улица „Методија Андонов Ченто“, кој од здобиените повреди од истрели починал на лице место, а додека лицата Ф. Е. (1999) и А.П. (1969) со возила на ИМП се пренесени во УЦ Мајка Тереза, информира полицијата.