Ако за милиметри ВАР му поништи гол на Иван Тричковски за водство на Македонија по десет минути, сега видео-технологија замижа во корист на Холандија, па магично не видоа чист прекршок врз Горан Пандев, а Мемфис Депај во контранападот погоди на средина од првиот дел за водство на „лалињата“.
Гледаа судиите во ВАР собата,а ама не видоа ништо, па го признаа голот, иако очигледен е стартот на нога од Далеј Блинд врз Пандев.
Македонија имаше поништен гол на Тричковски, а дирекот ги спаси „лалињата“ после прекрасен шут на Александар Трајковски.