Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон беа изненадени од тоа што рускиот челник Владимир Путин задоцни на церемонијата на вообичаеното групно фотографирање на самитот за Либија во Берлин, пренесуваат медиумите.
На снимките се забележува како Меркел и Макрон, заедно со другите учесници на самитот, се подготвуваат за протоколарната фотосесија, кога забележуваат дека Путин сѐ уште не се појавува. Двајцата челници разменуваат погледи, по што Меркел го прашува генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш, каде е Владимир Путин. Имено според утврдениот распоред, рускиот челник требало да застане до него на церемонијалното фотографирање.
Веќе следниот момент Путин се појавуваа на сцената, го пречекуваат Меркел и Макрон, кои му го покажуваат местото на кое треба да застане за фотографијата.
Во неделата во Берлин се одржа меѓународната моровна конференција за решавање на ситуацијата во Либија. На самитот учествуваа челниците на Обединетите нации, Германија, Франција, Русија, Турција, Велика Британија, Египет, на Европската комисија, како и претставници на други меѓународни организации.
Разговорите резултираа со носење заедничка изјава, во којашто се предлагаат решенија за хуманитарните проблеми во Либија. Се повикува на почитување на човековите права и обезбедувње пристап до природните ресурси во земјата за сите етнички и политички групации. Покрај тоа, беше донесена одлука да се формира воена комисија којашто ќе го надгледува одржувањето на прекинот на огнот.