Францускиот претседател Емануел Макрон во средата имаше препирка со израелската полиција од којашто бараше да го напушти комплексот на Базиликата на света Ана во Ерусалим, на којашто се виори француската тробојка.
„Не ми се допаѓа тоа што го сторивте пред мене“, му довикна Макрон на израелски полицаец, алудирајќи на настанот во кој на истото место учестува починатиот француски претседател Жак Ширак пред речиси четврт век.
Францускиот претседател Емануел Макрон по разговорите со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со израелските челници надвор од програмата на посетата сакал да прошета по ерусалимскиот Стар град. Не сакал долго да се задржува во Стариот град, туку само да ја посети Базиликата на света Ана, која е француска територија, каде што се случи во минатото помал инцидент во кој учествуваа припадниците на обезбедувањето на францускиот претседател и израелски полицаец кој сакал да влезе во црквата.
Француското знаме на оваа базилика се виори од 1856 година, кога Отоманското царство црквата и комплексот околу неа му ги подарило на францускиот императори Наполеон Трети. Франција го смета за провокација влегувањето на израелската полиција на овој имот во стариот дел од Ерусалим кој Израел го зазема во 1967 година.
„Сакав слободно да се прошетам низ Стариот град и да минам на местата кои се дел од историјата на овој град и неговите симболи. Мислам дека е важно да се измират сиве овие големи религии во овој град кој ги носи, кој е нивен епицентар, во кој коегзистираат“, изјави расположениот Макрон.
Меѓутоа, во Базиликата на света Ана каде што стоеле израелски полицајци, атмосферата одеднаш се промени.
„Не ми се допаѓа тоа што го сторивте пред мене. Излезете ве молам, никој нема никого да провоцира, дали ви е јасно“, му се обрати Макрон на англиски на израелскиот полицаец кој стоеше пред него на влезот во црквата.
„Мирни сме, убаво се прошетавме, вие вршите добра работа во градот и јас тоа го ценам, но ве молам почитувајте ги правилата воведени пред повеќе векови, тие нема да се менуваат поради мене, тоа можам да ви го кажам“, додаде Макрон.
„Ова е Франција, сите знаат каков е редот“, истакна Макрон и натаму обраќајќи се на англиски јазик, потсетувајќи на кавгата на Жак Ширак во истиот кварт во источен Ерусалим во 1996 година.
Поранешниот француски претседател во 1996-та се налути на израелскиот војници кои се натискаа околу него, изговорувајќи ја реченицата којашто остана запаметена: „Сакате да се вратам во својот авион?“, по што побара војнциите за излезат од црковниот имот.
Во средата по средбата со верските лидери во Базиликата на света Ана, Макрон како своевремено и Ширак, замина на Ридот на храмот, како што го нарекуваат Евреите, или Платото на џамијата, како што го викаат муслиманите. Потоа се упати кон Ѕидот на плачот со црната кипа на главата.
„Доаѓајќи во Базиликата на света Ана во еден момент беше напнато меѓу тимовите задолжени за осигурувањето и морав да направам ред“, коментираше Макрон додавајќи дека потоа „срдечно“ ги поздравил израелските чувари. Ова е неговата прва посета на Светата земја од неговиот избор во мај 2017 година.
Coup de colère de #Macron contre la police israélienne à Jérusalem. Dans les pas de Chirac en 1996 pic.twitter.com/DKP5ICThTK
— Ava Djamshidi (@AvaDjamshidi) January 22, 2020