
Шокантни снимки доаѓаат од САД, каде што починатите од коронавирус се погребуваат во масовни гробници на островот Харт, на западниот крак на Лонг Исланд Саунд и северозападно од Њујорк.
Њујоршките власти во функција ги стават масовните гробници, откако бројот на починати од коронавирус надмина 7.000 лица. Од ова видео со дрон на Асошиетед Прес можете да видите како надлежните масовно ги погребуваат безживотните тела на починатите од Ковид-19 на еден американски остров.