-1.2 C
Skopje
вторник, јануари 14, 2025

(ВИДЕО) Маж уби четири лица во Лос Анџелес, меѓу кои се и братот и таткото

Најмалку четири лица загинаа, а двајца се повредени во престрелка што се случи вчера во Лос Анџелес.

Гери Дин Сарагоса (26) го уби својот татко и братот во нивниот дом, смртно погоди познаничка на  бензинска пумпа и застрелал човек во автобус кој подоцна починал во болница.

„Немаме јасен мотив за овие убиства“, рече капетанот Вилијам Хејс од Одделот за грабеж и убиства во Лос Анџелес.

„Ги испитуваме сведоците, но засега немаме одговори“, изјави тој за новинарите.

Пукањето започнало во 1:20 часот во Канога Парк кога Сарагоса го убил својот татко и брат и ја застрелал  неговата мајка.

Еден час подоцна, тој отишол до бензинската пумпа во Северен Холивуд, каде што застрелал еден човек и една жена, изјави полицискиот службеник Грег Крафт.

Сарагоза ја познавал жената од претходно. Таа починала подоцна во болницата, додека ранетиот човек преживеал и е во критична состојба.

Полицијата, исто така, верува дека Сарагоса е одговорна за ограбување банкомати и смртоносно ранување на човек на автобуска станица во Ван Нијс.

„Тој не направи ништо, само седна во автобусот“, изјави еден од очевидците.

Другиот сведок потврди дека имал блиска средба со убиецот додека луѓето бегале во паника од местото на злосторството.

Сарагоса бил уапсен од страна на цивилни инспектори околу 14 часот.

„Жалиме за изгубените животи и ќе им помогнеме на семејствата погодени од оваа трагедија“, порача градоначалникот Ерик Гаркети на Твитер.