4.8 C
Skopje
петок, ноември 15, 2024

ВИДЕО| Мекгрегор изнесен на носилки по првата рунда

Долгоочекувана борба во УФЦ 264 меѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поирие е прекината по само пет минути поминати во октагонот.

Мекгрегор во самата завршница на првата рунда доживеа повреда поради која не можеше да продолжи со борбата, па победата му припадна на Поирие.

Десетина секунди пред крајот на првата рунда Конор застана на нозе по озбилен дуел, но само секунди потоа седна со болен израз на лицето.

За време на паузата меѓу рундите се утврди дека станува збор за сериозна повреда и дека тој нема да може да продолжи понатаму.

 Поирие сега ќе се бори за титулата УФЦ шампион, вторпат во кариерата.