Мексиканскиот министер за одбрана Луис Кресенсио Сандовал потврди во средата дека припадници на нарко картелот ја нападнале полицијата и армијата во најмалку три земји со eксплозивни дронови.
Сандовал изјави дека картерот Халиско – Новата генерација стои зад некои од тие напади, како и дека полицијата и армијата во државите Халиско, Гуанахуато и Микоачан биле под напад на картелот.
Оцени дека нападите со eксплозивни дронови се загрижувачки, но не толку ефикасни како што би сакале картелите, бидејќи, како што вели, малите авиони не можат да носат поголеми количини експлозив, пренесе Associated Press. (ВИДЕО)
Полицијата во државата Мичоакан објави дека во нападите на оваа седмица биле повредени двајца полицајци, кои биле пуштени на домашно лекување откако им била пружена болничка помош
Картелот Нова генерација од сојузната држават Халиско е во војна за превласт со картелот Ново семејство на Мичоакан, познато како Вилаграси или Обединетите картели, а министерот Сандовал потврди дека ситуацијата во градот Агила е „надвор од контрола“.