-2.2 C
Skopje
понеделник, декември 23, 2024

(ВИДЕО) Меркел се обрати на нацијата и најави четиринеделен карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел и се обрати на германската јавност откако таа се согласи на целосен карантин на состанокот со премиерите на сојузните држави, што ќе стапи на сила од понеделник, 2 ноември.

“Најважната алатка е следење на контактите. Но, здравствените власти сега се на работ да гарантираат следење. Постои опасност од губење на контролата. Затоа ни требаат национални напори во ноември”, рече таа.

„Одлуките за несуштинските активности мора да бидат строги со цел да се одржат отворени градинките, училиштата и други важни објекти од јавниот живот“, додаде таа.

„Кафулињата, клубовите и рестораните ќе бидат затворени“, рече Меркел, додавајќи дека исто така се затвораат културните институции и туристичките активности. Таа најави „голема инјекција за сегментите од економијата што ќе бидат затворени“. Станува збор за помош од 10 милијарди евра.

Според новите ригорозни мерки, кои стапуваат на сила во понеделник, ќе биде можно да се соберат максимум десет лица од најмногу две домаќинства, објавија германските медиуми, повикувајќи се на учесниците на состанокот меѓу германската влада и премиерите, што започна денеска околу 13 часот.

Рестораните и кафулињата исто така треба да бидат затворени за гости ,освен можноста за достава на храна и пијалоци. Исклучоци се мензите. Оваа мерка треба да трае цел ноември.

Продавниците ќе останат отворени, но со ограничување од еден клиент на 10 квадратни метри, а рестораните ќе вршат само достава.

Публика нема да биде дозволена на натпреварите во Бундеслигата, што е исто така мерка што треба да трае цел ноември.

Училиштата и градинките остануваат отворени.