ВИДЕО| Мицкоски: Брутален поткуп на двајца советници во Битеола, не негираат но се бранат дека биле неовластено снимени

На терен се случува брутален поткуп еднаков на тој минатата година. Еве денеска можам да кажам во вашата емисија како партија реагираме, брутално двајца советници се фатени во едно маало познато Баир во Битола како вршат поткуп на населението таму. И пазете ги идентификувавме кои се, тие се дел од Советничката листа на СДСМ. Тие не го негираат делото, туку велат пријавивме бидејќи сме незаконски снимани. Мислам каде живееме луѓе“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатниот магазин на ТВ21.

Запраша дека ако се толку сигурни дека победуваат, зошто поткупуваат и посочи дека ниту министертвото за внатрешни работи ниту јавното обвинителство не реагирале за инцидентот.