ВИДЕО| Мицкоски: Народот излезе да даде поддршка на луѓето кои го бранеа Уставот, случајот повторно да се отвори

Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот, рече во кусата изјава за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претходно опозициската партија даде поддршка на масовниот протест во неделата со кој се бараше ослободување на лицата осудени за упадот во Собранието од 27-ми април 2017 година, кога со различни толкувања на собранискиот деловник беше поставен за претедател на парламентот Талат Џафери со што всушност беше остварен условот на ДУИ да му даде поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формира влада.

Потоа следуваа воведувањето на двојазичност и промената на уставното име на земјата, против што се противеше мноштво граѓани кои десетици денови протестираа пред Собранието како разнебитување на унитарнота на државата, меѓу кои и сега осудените, кои критичниот ден масовно влегоа во парламентот за да го спрчат според нив незаконското именување на Џафери.

„Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност“, додаде Мицкоски во неделата.