Македонската фудбалска легенда Горан Пандев едни од најдобрите денови во кариерата ги помина во дресот на Интер со кој ја освои тројната круна, а денеска пред дербито со Лацио си доби дрес од поранешниот италијански шампион.
Пандев доби дрес и овации од навивачите на „Џузепе Меаца“, по што даде изјава и кажа дека Интер заслужува оваа година да игра во финалето на Лигата на шампиони.
„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Што мислам за дербито во Лига на шампиони? Тоа ќе биде убав натпревар, ќе биде поразличен од тој во лигата и се надевам дека Интер со два добри настапи ќе обезбеди финале. Исто така, морам да кажам дека Симеоне Инѕаги е многу добар тренер“, кажа Пандев.
Поранешниот македонски фудбалер одигра 69 натпревари за „нераѕурите“ и освои вкупно шест титули.
LEGEND: Goran Pandev 🇲🇰#InterLazio @Inter_en pic.twitter.com/ocbcRQGwru
— Lega Serie A (@SerieA_EN) April 30, 2023