Група млади жени докажуваат дека е возможно да се биде и хипстерка и модерна жена во исто време и покрај носењето марама. Нивна цел е да го разбијат хиџабот како симбол на угнетување.
Тие себеси се нарекуваат мипстерки – мешавина на хипстерки и муслимани. За себе велат дека имаат авангарден стил, носат силни бои, здолништа и војнички чизми и рачно изработен накит. Тие го спојуваат она што за другите нема смисла, а целиот изглед го надополнуваат со марама – хиџаб.
Мипстер е некој кој ги следи најновите трендови, модата, уметноста, критички размислува и е креативен, стои на нивната страница на популарната социјална мрежа Фејсбук.
Тие сакаат да ги сметаат за храбри и модерни жени, иако носат хиџаб кој е симбол на мирни и покорни домаќинки, зависни од сопругот.
Тие марамата ја гледаат како дел од облеката и се надеваат дека нивниот тренд ќе се прошири и надвор од Америка.