Актерот Роуан Аткинсон го отелотвори Мистер Бин и вели дека морал да стави крај на приказните дека тој ги копирал „Пријатели“.
Тој истакна дека тоа не е точно затоа што ставил мисирка на главата шест години пред Џои во серијата „Пријатели“.
Англискиот актер и комичар Роуан Аткинсон (66), најпознат по улогата во ситкомот „Мистер Бин“, ја обвини екипата од серијата „Пријатели“ за „крадење“ на неговата сцена со мисирката.
Аткинсон за наводната кражба на сцената проговорил во новиот документарец „Среќен роденден, Мистер Бин3.
Сцената во која Мистер Бин има мисирка на главата беше прикажана во 1992 година, а таа се појави во „Пријатели“ во 1998 година во епизодата „Еден со сите Денови на благодарноста“, кога мисирката се заглави на главата на Џои (Мет Лебланк) и на Моника (Кортни Кокс).
– Кога во 1996 година направивме филм за Мистер Бин, решивме да направиме автоплагијаторство и повторно да ја искористиме шегата со мисирката на главата. И „Пријатели“ се снимаше и во 90-тите и тогаш ја украдоа шегата – рекол Аткинсон и додал дека многумина мислат дека ситуацијата е обратна, односно дека тој ја украл сцената од „Пријатели“, па затоа му било многу важно да ја објасни.
Свој коментар дал и сценаристот Ричард Куртис (64).
– Тие се тука за да крадат, да ги инспирираат другите – рече тој.
https://www.youtube.com/watch?v=4ltx3PBnWcI&feature=emb_logo