![2997](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/2997.jpg?resize=620%2C372&ssl=1)
Четири ловечки кучиња, кои со денови биле заробени сред вулканската лава на канарскиот остров Ла Палма, мистериозно исчезнале кога дроновите за спасување се приближиле до местото на кое биле а останала само загадочна порака.
Ицрепените кучиња биле засолнети во два празни резервора за вода, додека околу нив течела лавата од вулканот кој еруптираше пред речиси еден месец. Снимката ја објави здружението за заштита на животните Leales.org, што ги поттикна локалните жители да протестираат и да бараат спасување на кучињата.
Меѓутоа, до заробените среда лавата кучиња од локаната ловечка рана позната како Поденцо Канарио, било речиси невозможно да е дојде, бидејќи локацијата на која се наоѓале Тодоке било поплавено од лавата откако вулканот Кумбре Виеха (Стариот врв) еруптираше на 19-ти септември.
Иако неколку ткн џебови од земјата останале недопрени од лавата, до кучињата не можело да се стаса пешки, но ниту со хеликоптери поради стравувањата дека пепелта и вшештените гасови би ги уништиле роторите на леталото.
Спасувачките служби потоа разработиле план за сложени и досега невидено спасување со беспилотни летал. И покрај важечката забрана за транспорт на животни со дрониови, локалните власти сепак одобриле операција за спасување и ја препуштиле на компанија за управување со индустриски дронови „Aerocameras“. Компанијата во операцијата вклучила уред тежок 50 килограми опремен со голема полукрута мрежа.
Меѓутоа, кога дроновите го надлетале местото во четвртокот, кучињата едноставно исчезнале.
„Откако беше изведен исрцпен преглед на зоната во која требаше да бидат кучињата, нашите дронови не успеаја да ја пронајдат нивната трага“, објавија во петокот на Twitter од компанијта, потврдувајќи дека ја завршуваат спасувачката операција.
Лево на снимките во еден од џебовите меѓу лавата се наоаѓал бел транспарент исцртан со зборови со црвена боја „Буди силна Ла Палма. Кучињата се добро. А-тимот“, алудирајќи на популарниот американски телевизиски серијал од 1980-те години кој вклучуваше смели авантури.
Засега никој не знае кој ги извлекол кучињата опкружени со лавата, ниту како го сторил тоа.
Беспилотните летала на „Aerocameras“ во четвртокот регистрирале траги „за коишто се чини дека ги направиле луѓе во внатрешноста на зоната за сапсување“, и покрај недостапноста областа и забрана за влегување во неа.
Некои сметаат дека тоа е дело на активисти за правата на животните, а други, меѓу кои и здружението Leales.org, веруваат дека храброто спасување можеби го извел сопстеникот на кучињата или некој нему близок.
Но ниту полицијата, ниту локалните власти не потврдуваат ниедна од теориите, а не соопштија ниту дали е отворена истрага за случајот. Настанот, пак, продолжува да се шири преку социјалните мрежи/
Истовремено, откако опасноста по кучињата стана вирална на социјалните мрежи, Leales.org примиле донации во повеќе од 15.000 евра за нивното спасување.
Мина речиси цел месец откако вулканот на островот Ла Палма еруптираше а вжештената лава присили повеќе од 6.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Иако нема жертви ниту повредени, вулканот предзвика големи материјални штети, во кое со пепел и камења е прекриено подрачје од 890 хектари, главно плантажи на банани која е гланвата стопанска дејност на островот, а уништени се повеќе од 2.100 објекти.