Тинејџерка од Иран била хоспитализирана по напад во метрото во Техеран од страна на т.н. морална полиција.
Според првичните извештаи на организациите за човекови права, шенсаесетгодишната Армита Гераванд, изгубила свест откако била нападната во воз од подземната железница во југоситочниот дел на Техеран во неделата.
Иранските власти негираат дека се случил физички напад врз тинејџерката од страна на безбедносните сили. Во соопштението до јавноста испратено од раководството на компанијата која управува со метрото во Техеран се вели дека девојката се онесвестила поради „низок крвен притисок“.
تصاویر جدید از دانش آموز دختری که روز یکشنبه در ایستگاه متروی تهران دچار افت فشار شد و بیهوش شد. https://t.co/SLVm7xXnmC pic.twitter.com/wvhTpGYI5v
— خبرگزاری ایرنا (@IRNA_1313) October 3, 2023
Армита Гераванд била хоспитализирана во болницата Фаир, во коматозна состојба. Снимки од безбедносните камери во техеранското метро, покажуваат како девојката ја изнесуваат патници од воз, пред да дојде медицинска екипа. Нема снимка од нападот врз тинејџерката.
View this post on Instagram
Групата за човекови права Хенгау, пак, цврсто уверува дека тинејџерката била нападната од припадници на т.н. морална полиција.
Инцидентот ја зголеми загриженоста во Иран, слично како и минатогодишните случувања, кои предизвикаа масовни протести ширум земјата, откако во конфликт со т.н. морална полиција беше убиена дваесет и двегодишната Маша Амини.