(ВИДЕО) „Момчето со кучето“ пак е уапсено за време на полициски час

Во населбата Кисела Вода денеска повторно е уапсен 24-годишниот скопјанец, кој минатиот викенд беше приведен со своето кутре. И двапати е приведуван за време на полицискиот час кој го прекршил. И двете приведувања се снимени и објавени на интернет.

Новото видео на каналот Youtube е долго 37 секунди и на него се слуша како приведениот вели „ништо не му направив, му реков си одам тука живеам“.

Друго лице на снимката вели„со канта седиш тука, не ми викај и не ми диши во лице без маска“.  И приведениот реагира дека полицаецот кој го става во полицискиот автомобил немал маска и ракавици.

Од СВР Скопје велат дека 24-годишниот скопјанец е приведен затоа што бил на улица, се шетал за време на полицискиот час со што ја прекршил забраната за движење.

Истото момче беше уапсено и за Велигден кога по социјалните мрежи имаше негативни коментари за полицајците кои го приведуваат во интервентно комбе поради тоа што се во голем број, не носат заштитни маски и ракавици и на крај еден полицаец во цивил со нога ја затвора вратата од комбето. Тогаш уапсениот имаше и куче. За тој случај е отворена дисциплинска постапка во полицијата, а момчето доби пријава за прекршување на полициски час по член 206 од КЗ.