Американската воена морнарица потврди дека видеата објавени на интеренет со непознати летечки објекти на небото се снимени од американски пилоти пренесува списанието Popular Mechanics.
Видеата ги објави весникот The New York Times и Академијата за науката и уметност на ѕвездите, како и еден поранешен член на истражувачка група за појавите на НЛО.
Видео материјалите биле снимени во 2004 и во 2015 година. На нив може да се забележи како два објекта вршат сложени маневри, коишто познатата современа технологија не може да ги изведе. Според весникот The New York Times, во случајот од 2004-та, објектите „неочекувано се појавиле на височина од околу 25.000 метри, потоа полетале кон морето и на гракот се запреле на височина од околу 6.000 метри и лебделе. Потоа или излегле од дофатот на радарот или се искачиле во восичина“.
Трите видеа се насловени „FLIR1“, „Gimbal“ и „GoFast“. Едното видео е снимено во 2015 година на Источниот брег од пилотот на борбен авион од типот „ F/A-185F“ кој го користел модулот „Raytheon AN/ASQ-228“ со усовршено инфрацрвено целење, ориентирање во перспектива (ATFLIR). Другото видео е снимено од авион од типиот „Super Hornet“ со помош на спомнатиот уред на брегот на Калифорнија во 2004 година, кој полетал од носачот на авиони „USS Nimitz“. Во заднината може да се слушнат разговорите на екипажите кои разговараат за тоа што би можеле да бидат објектите и откаде се појавиле.
Изданието ги карактеризираше снимените објекти како Неидентификувани летечки објекти (НЛО – UFO), но амариканската војска ги смета за „необјасниви воздушни настани“, Со овој израз американската воена морнарица ги карактериза сите неидентификувани или негеристрирани летала, кои биле забележани во зоните на одговорност на различните воени објекти.
Со други зборови, Пентагон вели дека летачките објекти во видеата се едноставно неидентификувани, и засега необјаснети. Претходно оваа година, Министерството за одбрана на САД изјави за изданието Black Black Vault дека видеата се некласифицирани, но никогаш не биле разгледувани за јавно објавување.