![snimki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/snimki.jpg?resize=500%2C316&ssl=1)
Полицијата ќе ги идентификува демонстрантите преку свои и снимки од медиумите. Шестмина приведени демонстранти и дваесетина полицајци повредени е досегашниот епилог кој вчера официјално го соопшти Министерството за внатрешни работи по протестите кои вчера попладнето беа одржани во Скопје како реакција на пресудата за случајот „Монструм“.
– Поголем број хулигани, кои беа дел од екстремно агресивната и насилна толпа, со камења и тврди предмети попладнево ги нападнаа полициските службеници кои ги обезбедуваа ненајавените протести. Истите палеа предмети по булеварите во централното градско подрачје и ја оштетија фасадата на Основниот суд Скопје 1 – стои во соопштението на МВР.
По завршување на првичната цел на полициската интервенција, односно воспоставувањето на јавниот ред и мир, Министерството за внатрешни работи врз основа на сопствените снимки, но и снимките од медиумите ќе продолжи да работи на идентификација и на останатите хулигани кои учествуваа во насилните инциденти и ќе ги преземе сите мерки против нив.
На сајтот на МВР веќе се објавени неколку видео снимки од протестите.