МВР заплени 295 кутии цигари со македонски бандероли на граничниот премин Делчево.
Цигарите биле запленети при рутинска контрола на автомобил со делчевски таблички, управувано од А.Ц.(28) од Делчево. Цигарите биле сместени во специјално изработен бункер под задното седиште од возилото. Пронајдените 295 кутии цигари се со македонска бандерола и се од марка “Јорк” (99 кути), 79 кутии марка “ЛД”, 67 кутии марка “Родео” и 50 кутии марка “Дива слимс”.