Најмалку десет лица загинале во терористички напад кај меѓународниот аеродром крај јеменскиот пристанишен град Аден во саботата, преенсе телевизискиот канал Al Arabiya.
Автомобилот-бомба експлодирал во непосредна близина на јужниот јеменски град Аден, на влезот на меѓународниот аеродром.
Агенцијата AFP повикувајќи се на фунционер од безбедносните служби пренесува, пак, дека во вториот по големина јеменски град има најмалку 12 лица.
„Дванаесет цивили го загубија живото во експлозијата близу аеродромот Адена“, рекол неименуваниот извор без да потврди за каква екслозија станува збор. Рекол дека во експлозија ранети се непознат број луѓе.
На местото на експлозијата пожарникарите го гаснат пожарот предизвикан од детонациајта, а спасувачите извлекувало безживотно телот од уништен автомобил, извесил репортерот на AFP.
За градот Аден, како важен пристанишен град на брегот на Арабиското Море се водеа жестоки борби од почетокот на граѓанската војна. Во март 2105 година градот беше заземен од борците на бунтавничката групација Ансарала од шиитската заедница Хусити блиски на Иран, а веќе во јули истата година беше заземен во офанзивата на силите лојални на соборениот претседател Абдрабух Мансур Хади поддржан од пансунитската коалиција.
Последните седмици жестоки борби се водат во околината на Мариба, последното упориште на провладините сили на северот на Јемен, кое е опседнувано од бунтовниците. Претходно седмицава еден од водачите хутистите, Мохамед Насер ал-Атифи изјави дека бунтовниите „речиси го опколиле“ градот и дека неговото заземање е „смо прашање на времето“.
Една од најсиромашните арапски земји Јемен во 2014 година влезе во граѓански конфликт меѓу шиитските бунтовниици Хути (Хусити) и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, против сунитската влада која ја поддржува Ријад а ја обвинуваа дека не сака да се справи со јеменската мрежа на Ал Каеда кој се прошируваше на северот од земјата. Саудијците стравуваат дека Хутите кои ја контролираат престолнината Сана и неколку важни пристаништа, ќе му овозможат на Иран стратешки пристап на Арапскиот полуостров.
Конфликтот се разгоре откако во март 2015 година коалицијата на арапските сунитски земји предводена од Саудиска Арабија, на којашто ѝ се придружија Бахреин, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати а поддршка добија од Египет, Јордан, Мароко, Пакистан и Судан, ја започна операцијата „Бура на решителноста“, против шиитските јеменски бунтовници.
Конфликтот доведе до најголемата хуманитарна криза во светот, во кој според порадоците на ОН над 24 милиони Јеменци, околу 80 отсто од населението, имаат итна потреба од хуманитарна помош, а бројот на внатрешно раселените лица надминува 3 милиона.
“استهدف انفجار سيارة البوابة الخارجية لمطار عدن الدولي، ما أسفر عن مقتل عشرة على الأقل وإصابة عدد كبير. وانفجرت السيارة بالقرب من حافلة والعديد من سيارات الأجرة التي تقل أشخاص. # جنوب_اليمن #اليمن“
pic.twitter.com/Fq669HQKkM https://t.co/FgiLYF14jY
— South Arabia #Aden (@SouthernHirak) October 30, 2021
“استهدف انفجار سيارة البوابة الخارجية لمطار عدن الدولي، ما أسفر عن مقتل عشرة على الأقل وإصابة عدد كبير. وانفجرت السيارة بالقرب من حافلة والعديد من سيارات الأجرة التي تقل أشخاص. # جنوب_اليمن #اليمن“
pic.twitter.com/Fq669HQKkM https://t.co/FgiLYF14jY
— South Arabia #Aden (@SouthernHirak) October 30, 2021
تتوالى الكوارث تجاه الجنوب هنا وهناك، وتستهدفه مؤامرات كبيرة متكررة، ويتعرض تباعا للخذلان من الأقربين قبل الاعداء.
ولكن..
ومهما حدث ويحدث سوف ينتصر الجنوب كله من أقصاه إلى أقصاه.
ثقتي في ذلك نابعة من إيماني الكبير في الله سبحانه وعدالته،ومن إرادة شعب جبار لن تنكسر ابدا مهما حدث pic.twitter.com/s3kZDuqreq— أحمد عمر بن فريد (@AhmedBinFareed1) October 30, 2021