ВИДЕО| Најмалку 10 полицајци убиени во Пакистан во пресрет на изборите

Најмалку 10 полицајци се убиени во Пакистан а уште шест други се ранети кога вооружени напаѓачи нападнаа полициска станица во северозападниот дел на земјата, соопштија официјални лица во понеделникот.

Нападот доаѓа во време на пораст на насилството пред националните избори подоцна оваа седмица.

Вооружени напаѓачи зазеле полициска станица во градот Дера Исмаил Кан во нападот пред мугрите, изјави локалниот функционер Мохамед Афзал. Според него, напаѓачите прво фрлиле рачни бомби кон зградата пред да започнат неколкучасовна престрелка со полицијата.

Нападот, најкрвавиот во последните неколку седмици, се случи неколку дена пред одржувањето на изборите во Пакистан, закажани за четврток. Насилството од страна на исламистичките милитанти се зголеми последните месеци пред гласањето.