(ВИДЕО) Најмалку 16 загинати во несреќата на индиски патнички авион

Најмалку 16 лица, меѓу кои и пилотот, загинале а уште повеќе од 120 се повредени од кои 15 се во критична состојба по тешкото приземјување на авионот на индиската воздухопловна компанија „Air India Express“ на аеродромот во градот Кожикода, во сојузната индиска дрќава Керала, пренесува весникот The Hindustan Times, повикувајќи се на полициски извори.

Авионот од типот „ Boeing 737“ на летото до Дубаи, при слетувањето ја промашил пистата и се распаднал.

Министирството за воздухопловство на Иднија прецизираше дека во авионот имало 174 патници, меѓу кои десет деца, двајца пилоти и пет членови на кабинскиот екипаж.

На местото на несреќатата пристигнале 24 амбуланти возила. Според телевизијата NDTV, досега во градските болници се префрлени 30 повредени патници.

Операцијата на спасување на пистата продолжува, додека противпожарните екипи ги полеваат со вода деловите од распаднатиот авион. Вратите на авионот се отворени и преку нив спасувачите ги евакуираат најпрво повредените.