ВИДЕО| Најмалку 23 мртви во пожар во болница со ковид-пациенти во Багдад

Најмалку 23 лице загинале а уште повеќе десетици се повредени во пожарот кој ноќта во неделата по македонско време избувнал во болница во Багдад која била опремена за сместување пациенти со Covid-19, пренесе телевизијата Sky News Arabiya, повикувајќи се на медицински извори.

Пожарот во болницата „Ибн Катиуб“ во областа на познатиот ост Дијала во ирачката престолнина бил предизвикан од експлозија на резервоар со кислород, според истите извори. Повеќето од жртвите настрадале од задушување со чад.

Медицинските извори рекле дека пациентите кои не биле повредени во експлозијата биле дислоцирани од таа болница, додека репортер на агенцијата Reuters сведочел дека мноштво возила на итната помош оделе кон билниците, одведувајќи повредени во пожарот.

Шефот на ирачката служба за цивилна заштита изјавил дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега на пациенти со белодробни болести и дека 90 лица се спасени од 120-те пациенти од одделот во болницата, преенсе државната новинска агенција INA. Генерал-мајоро Кадим Бохан додал дека пожарот е изгаснат.