Најмалку 27 луѓе загинаа а уште 40 други се хоспитализирани откако во петокот вечерта избувна голем пожар во комерцијална четирикатница во западниот дел од индиската престолнина Њу Делхи, пренесе телевизијата NDTV.
Во прилогот на телевизијата се наведува дека досега од четирикатницата се извлечени 27 тела на жртви, но дека полицијата стравува дека бројот на загинатите може да биде зголемен. Според претставниците на полицијата, пожарот е изјаснат и следува детално пребарување на зградата.
Повеќе од 40 лица се здобиле со изгореници и се хоспитализирани. Од зградата биле спасени меѓу 60 до 70 луѓе, соопштила полицијата.
„Се прегледуваат снимките од водео-надзорот и канцелариите. Се врши пребарување. Спасените рекоа дека многумина биле заробени во зградата“, изјавил Сунил Чаудари, заменик на началникот на противпожарната служба на Њу Делхи.
Комерцијалниот објект, во кој главно има деловен простор, се наоѓа во близина на фрекветната станица на подземната железница Мундка. Според, портпаролот на пожарникарската служба, иформацијата за пожарот била добиена во 16,40 часот по локално време, по што биле испратени 20 противпожари екипи, пренесува агенцијата ANI.
Пожарот избувнал на првиот кат од зградата, во која е сместена и канцеларија на компанија за произвдоство на надзорни камери и рутери, изјавил заменикот полициски комесар Самер Шарма.
„Исклучително сум тажен поради трагичниот пожар во зградата во Делхи. Моето сочувство до семејствата на жртвите. Им посакувам брзо закрепнување на повредените“, објави индискиот премиер Наредра Моди на Twitter.
#Delhi: मुंडका में भीषण आग से जान बचाने के लिए लोग बिल्डिंग से छलांग लगा रहे थे तो कुछ रस्सी के सहारे कूद रहे थे, क्रेन की भी ली जा रही थी मदद। अभी तक 16 लोगों की मौत की पुष्टि। pic.twitter.com/GZhQycJqii
— NBT Dilli (@NBTDilli) May 13, 2022