(ВИДЕО) Најмалку девет убиени во судирите меѓу мексиканските специјалци и наркокартел

Најмалку девет лица загинале во четвртокот во градот Кулиакан, во мексиканската сојузна држава Синалоа, во текот на судирите меѓу безбедноснтие сили и припадници на локалниот наркокартел, изјави во петокот во интервју за телевизијата Televisa, првиот човек на регионалниот оддел за јавна безбедност, Кристобал Кастанеда.

„Според нашите информации, загинале девет лица од кои еден е војник, ранети се 23 цивили, како и уште тројца полицајци и двајца војници“, рекол Кастанеда. Претходно во петокот за девет жртви соопшти и шефот на регионалното министерство за здравство, Ефен Енсинас.

Советот на безбедност на Мексико во петокот соопшти дека се стостанува во Синелоа за да управува со операцијата насочена против криминална група, којашто нападнала патрола на специјалните сили и предизвикала вооружени безредија.

Претходно медиумите пренесоа дека во Кулиакан бил првиден еден од синовите на наркобраронот Гузман Лоер, попознат по прекарот „Кусиот“, но тој подоцна бил ослободен.

„Одлучивем да дојдеме во Кулиакан за лично да раководиме со операцијата“, соопшти министерот за безбедност и цивилна одбрана, Алфонсо Дурасо, чие соопштение беше објавено на профилот на Twitter на мексиканскиот национален Совет за безбедност.

Изјавата следеше како објаснување за престрелките на улиците на Кулиакан, кое го бараа не само локалното население, туку и пратениците во мексиканскиот парламент, во коишто, пак, според локалните медиуми биле ранети шест полицајци.

Градските власти на Кулиакан ги затворија училиштата, детските градинки и универзитетото во четвртокот и петокот, и го повикаа населението да не паничи, но веднаш не ги објаснија причините за престрелките во градот. Летовите до меѓународниот аеродром во Кулиакан и од него ги откажаа двете компании кои го користат „Viva Aerobús“ и „Volaris“. Подоцна беше потврдено дека дежурна полициска патрола во градот го привела синот на наркобосто Хоакин Гузман Лоер „Кусиот“.

„Во четвертокот во 15,30 часот (2,40 часот во петокот по македонско време) заедничка патрола на 30 војници на министерството за одбрана и националната града биле на должност патролирање во областа Трес Риос во Кулиакан, кога биле нападнати од станбен објект. Припадниците на патролата возвратиле на нападот и ја преземела контролата на домот, во кој принашле четири лица. Еден од нив е идентификуван како Овидио Гузман Лопез, синот на поранешниот шеф на наркокартелот Синелоа“, соопшти министерот.

„Инцидентот доведе до тоа неколку криминални групи да го опкружат објектот со супериорни сили. Истовремено, неколку групи извеле напади во различни делови на градот, предизвијќи паника кај жителите“, додаде Дурасо.

Тој подоцна за Reuters изјавил дека безбедносните служби морале да го ослободат Овидио Лопез. „Ваквата одлука била донесена за да ссе спаста животите на луѓето“, го цитира агенцијата Дурасо.

Овидио Лопез Гузман, 28-годишник познат по прекарот „Глушец“, е син на „Кусиот“ од неговиот вторбрак, и е активен член на картелот Синелоа. Тој е обвинет во САД за учество во злосторнички заговор за испораки на кокаин во земјата во периодот од 2008 до 2018 година. Самиот Гузман Лоер во јули во САД беше осуден на доживотен затвор. Тој го негира обвинувањето дека со децении бил на чело на Синелоа, еден од најголемите и најозлогласените нарко-картели во светот.