Најмалку шест луѓе загинале а уште други 53 се повредени, во експлозија во неделата која одекна во пешачката зона Истикал во турскиот мегалополис Истанбул, соопштија локалните власти.
Информацијата за новинарите ја потврди турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на прес-конференција пред да полета за Индонезија на самитот на Г20.
Ердоган го осуди терористичкиот напад и вети дека одговорните за експлозијата „ќе бидат казнети за стореното“. Го карактеризираше нападот како „бомбашки“.
„Ја посакувам милоста на Алах за нашите браќа и сестри кои загинаа како последица на бомбашкиот напад кој се случи денеска во 16,20 часот на улицата Истикал, а на нашите ранети брзо закрепнување“, рече Ердоган на брифингот во Истанбул.
Експлозијата одекнала рано попладнето во неделата на фреквентната туристичка пешачка улица во центарот на Истанбул. Гувернерот на градската област Али Ерликаја изјави дека според властите го разгледуваат инцидентот како случај со терористичка заднина.
Шпекулациите по експлозијата говорат за самоубиствен напад.
„Првите показатели упатуваат дека станува збор за терористички напад. Сторителите на овој ужасен напад ќе бидат откриени. Нашите жители нека бидат безбедни, а сторителите казнети. Обидите Турција да биде фатена во стапица и да ја вовлечат турската нација во терор нема да успее ниту денеска ниту утре, како што не успеаја ниту во минатото“, порача Ердоган.
Државната телевизија TRT и другите локални телевизии покажуваат снимки од возила на итната медицинска помош и на полицијата на улицата Истикал во истанбулскиот кварт Бејоглу, кој вообичаено кон крајот на седмицата е преполн од туристи, купувачи и цели семејства излезени на попладневна прошетка.
Блиската полициска станица Касимпас објави дека на местото на експлозијата ги испратила сите припадници кои ѝ стоеле на располагање. Локалните медиуми известуваат дека кривичните иследници се на местото на настанот, а агенцијата Anadolu јави дека канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул отворил истрага за експлозијата.
Иако засега причината за експлозијата не е потврдена, имајќи го предвид минатото Истанбул и другите турски градови досега често беа цели на вакви напади на курдските сепаратисти, исламистичките екстремисти и други групации заинтересирани за дестабилизација на Турција.
Турската Црвена полумесечина објави дека им доставила резерви со крв на блиските болници во кои се пренесуваат повредените.
Турскиот регулатор за медиуми RTUK воведе забрана за емитување снимки од експлозијата еден час откако таа се случи.
The explosion was captured on video. Watch via @borzouhttps://t.co/l8yYcHRV5c
— Ted Regencia تِد (@tedregencia) November 13, 2022
Turkish security forces are deployed in Istanbul’s Istiklal following a reported explosion. pic.twitter.com/nkyAdnUUQj
— Ted Regencia تِد (@tedregencia) November 13, 2022
Loud blast heard in Istanbul’s Istiklal causing panic. pic.twitter.com/ZK6FViRooz
— Ted Regencia تِد (@tedregencia) November 13, 2022