ВИДЕО| Најмалку три жртви во масата очајници пред аeродромот во Кабул

Во неописливата тисканица на мноштвото пред аеродромот во авганистанската престолнина Кабул, најмалку три лица ги загубиле животите, споре снимките кои во саботата ги направиле новинарите додека илјадници луѓе очајнички се обидуваат да побегнат од власта која ја заземаа талибаните.

Снимките кои ги објави британската инфромативна мрежа Sjy News, покажуваат војници кои со бело платно прекриваат три безживотни лета. Не е јасно како настрадале.

Новинарот на Sky News, Стјуард Рамзи кој бил на аеродромот, јави дека луѓето кои стоеле пред масата биле „згмечени“ и дека лекарите трчале од еден повреден до друг. На истите снимки, може да се види и голем број повредени.

Новинарот на Sky News извести дека луѓето биле „дехидрирани и престрашени“. Неговата телевизиска екипа ги снимала војниците како ги прскаа луѓето со црево за полевање, велејќи дека користет „сешто за да ги освежат“. Имајќи го предвид хаосот кој владеел на просторот пред аеродромот, Рамзи оценува дека смртните случаи биле „неизбежни“.

На територијата на аеродромот можело да се видат десетици илјади очајни Авганистанци кои по влегувањето на талибаните во Кабул на 15-ти август, со часови па и денови, по голема жега го чекаат летот со кој ќе се евакуираат.

Семејствата кои се надеваат дека со некое чудо ќе се извлечат од земјата, се натискале меѓу бодликавата жица на ткн „ничија земја“ којашто неофицијално ги раздвојува талибанските борци од американските сили и остатокот од бригадата на авганистанските специјални сили кои им пружаат помош на луѓето.