ВИДЕО| Најмалку три жртви во уривање на десеткатница во Иран

Најмалку три лица ги загубиле животите а уште 24 други се повредени во уривање на десеткатница во иранскиот град Абадана во југозападната провинција Хузестна, пренесе во понеделникот агенцијата Tasnim, повикувајќи се на претставникот на министерството за вонредни ситуации.

Од канцеларијата на провинцискиот гувернер рекле дека се стравува оти можно е бројот на загинатите да биде поголем, поради тоа што урнатиот објект се наоѓа во густонаселената урбана средина. Самата повеќекатница била комерцијален и деловен центар и била во изградба. По наредба на локалните власти се евакуриаа околните станбени и деловни објекти.

Според снимките на локалните медиуми, зградата е делумно урната и речиси половина од структурата е уништена, а се забележуваат бетонски тавани и ѕидови паднати на улица од кои се уништени неколку автомобили.

Остатокот од објектот сѐ уште стои, а може да се зебалежат само празни ѕидови. Во моментот на уривањето станарите од соседните згради почувстувале силно тресење.

Во моментов на местото на несреќата работат неколку спасувачки и противпожарни екипи, како и медицински тимови.

Властите се подготвени да обезбедат уште 50-ина спасувачи и хеликоптер за евакуација на тешко повредените во болниците. Засега не е позната причината за уривање.