Англиската кралица во последните неколку години му делегира се повеќе кралски должности на својот наследник, принцот Чарлс.
Принцот од Велс ќе има клучна задача која покажува дека се припрема да стане крал. Кралицата Елизабета Втора сеуште има преполн распоред на кралски должности. Меѓутоа, последните неколку години се повеќе кралски обврски му делегира на својот наследник, принцот Чарлс. Ова е значаен гест кој принцот Чарлс ќе го направи во име на кралицата во Неделата на сеќавањата.
Во својата 93-та година од животот, кралицата покажува мали знаци на успорување, но природно е да почне да дели некои свои кралски должности со помладите членови на семејството. Принцот Чарлс (70), е следниот крал на Британија и се спрема еден ден да ја земе улогата на својата мајка.
Оваа недела, на 10-ти ноември, Кралското семејство ќе се собере во Вајтхол на традиционалната прослава во Неделата на сеќавањата. За време на церемонијата, принцот од Велс ќе положи венец во име на кралицата. Кралицата е на тронот 67 години и е монарх кој најдолго има владеено во историјата на Британија. За време на нејзиното владеење, кралицата за Неделата на сеќавањата има положено 65 венци.
Меѓутоа, последните неколку години принцот Чарлс ја замени својата мајка која ја пратеше постапката од ближниот балкон на Министерството за надворешни работи и Комонвелт.