![pendarovskiStevo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/pendarovskiStevo.jpg?resize=640%2C406&ssl=1)
Новинарот Васко Ефтов, кој важеше за близок до СДСМ не се согласува дека на СДСМ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски им е украдена победата.
Тој синоќа во „Топ тема“ на телевизија „Телма“ рече дека не се согласува со тврдењата на опозицската партија дека на Стево Пендаровски му била украдена победата на последните претседателски избори.
Ефтов рече дека Пендаровски сам ги загубил изборите по дебатата на МРТВ кога се видело дека нема капацитет да му се спротивстави на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.