![erusalim](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/erusalim.jpg?resize=277%2C182&ssl=1)
Ерусалим е под бела снежна покривка која достигнува и до 60 сентиметри. Градот е парализиран откако минатата недела го зафати снежна бура.
Поради обилните снежни врнежи поради што голем број на училишта се затворени, градскиот транспорт работи половично а домаќинствата се без електрична енергија.
Дополнителни маки се и поплавите во појасот Газа каде околу 40.000 луѓе ги напуштија своите домови.
И покрај блокадата на палестинската територија, Израел за време на викендот испрати нафта за електроцентралата во Појасот Газа и четири водни пумпи како хуманитарен гест.
За прв пат по 112 година во Египет и Израел падна снег.