ВИДЕО| Наезда на глодари во скопски Капиштец, се качуваат и на фасадите

Жителите на скопската населба Кашиштец, во Општина Центар, деновите сѐ почесто се жалат на големото присуство на глувци и стаорци дури и на повисоките катови од повеќекатниците.

Како што информираат жителите на населбата, тие се силни уплашени поради здравјето и инфекциите кои овие глодари ги пренесвуваат, а особено стравуваат оние семејствата со мали деца.

Неколку семејства од зградите на улицата „Народен фронт“ ги забележале глодарите во тоалетите и во спалните соби.

Како што известуваат жителите на Општина Центар двапати во годината се врши дератизација на шахтите во наслебата, а неодамнан во ноември била направена втората дератизација. Според нив, проблемот е можеби во тоа што во подрумските простории на згградите дератизациајта се спроведува еднаш годишно, но се сомневаат дека тоа е извршено нестручно и не дава резултати.