Прашањето за тоа чиј револуционер бил Гоце Делчев, кое на барање на Софија било ставено на маса на македонската и бугарската историска комисија, потсети на ставот на неговите потомци за апостолот на македонската револуција.
Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот револуционер и деец Гоце Делчев.
Во видеото на Млади за Македонија пред една година таа раскажува за дејноста на Гоце Делчев и за која држава и народ се залагал и борел тој.