
Најмалку десет луѓе загинаа во вторникот во пожар во станбена зграда во Париз за кој властите сметаат дека е подметнат, пренесува порталот France Info.
Полицијата објави дека уапсила 40-годишна жена којашто живеела во таа зграда, во богатиот 16-ти арондисман на француската престолнина, под сомневање дека го подметнала пожарот.
Повредени се 36 лица, меѓу кои има и пожарникари. Претходно властите објавија за девет жртви, но подоцна претпладнето беше известено дека последната жртва е малолетно момче.
Пожарот започнал на повисоките катови на осумкатницата на улицата „Ерланже“ малку по полниќ, а под контрола бил ставен во осум часот утрото.
Парискиот обвинител Реми Ејц изјави дека иследниците веруваат оти пожарот е намерно подметнат и дека уапсената жена имала душевни нарушувања.