(ВИДЕО) Наместо ‘бентли’ или ‘ролс-ројс’ во Лондон може да се изнајми тенк

Доколку се најдете во Лондон и сакате да изнајмите возило, наместо некоја од луксузните марки познати британски лимузини, сега може да изнајмите воен тенк, пренесува интернет порталот motor1.com.

Голем, импресивен и бучен, се трите клучни зборови со кои Ник Мејд, сопственик на компанијата за изнајмување тенкови го опишува тенкот „Limo“, Неговиот колега, и косопственик на компанијата, Тод Чембрлен, смета дека е подобар тој под називот „Rolling Thunder“. Тенкот „Limo“ е веројатно првиот и единствен продолжен тенк на светот кој може да се изнајми.

Приказната на Мејд со тенковите започнала пред 30 години кога купил два. Тогаш целта му била еден да задржи за себе од другиот да го продаде, но и пред да му бидат испорачани, една компанија сакала да изнајми тенк, па тој во еден ден си повратил повеќе од половината од вложените пари.

Тогаш сфатил дека станува збор за одлична деловна можност. Продолжениот тенк целосно е легално превозно средство за патен сообраќај по Велика Британија, но притоа мора да користи гасеници со гумена заштита за да не се оштетуваат коловозите.

Иако тенкот е голем и многу тежок, со него не е тешко да се управува, бидејќи неговиот централен дел е подвижен. Досега е пријавена само една незгода, тенкот откинал ретровизор на едно комбе во текот на возење низ Лондон, Најниската цена по која може да се изнајми тенкот е 1.600 фунти, или 1.762 евра, а највисокоата е 2.000 финти, Тежи 17,5 тони, а максималната брина со која смее да се движи изнесува 32 километри на час.