Тројца новинари се повредени откако претходно биле нападнати затоа што снимиле сообраќајна несреќа.
Украинската полиција притворила тројца осомничени кои пред локална ТВ станица во Одеса со тупаници и огнено оружје нападнале неколкумина новинари, пишува „Раша Тудеј“.
Еден новинар и двајца сниматели на локалната телевизија Канал 7 биле повредени во инцидентот. Новинарите биле наводно нападнати откако се обиделе да снимат сообраќајна несреќа што се случила во близина на телевизиската станица.
По снимањето, осомничените наводно со возило стасале до ТВ станицата излегле од возилото и започнале расправија со тројца вработени, испукале неколку истрели од пуша и потоа побегнале.
Целиот инцидент може да се види на видео снимката.
Инаку, како што јавуваат медиумите тројцата повредени новинари биле хоспитализирани. Тие се здобиле со прострелни рани во вратот и грбот, со скршен нос и потрес на мозокот.