Непознати лица ги нападнале Месут Озил и неговиот соиграч Сеад Колашинац среде Лондон, Камерите уловија дел од инцидентот кој брзо се шири низ медиумите и социјалните мрежи.
Фановите се шокирани поради фактот што фудбалерите на Арсенал се нападнати од вооружено лице кое има ладно оружје во раката, но исто така и воодушевени од реакцијата на босанскиот репрезентативец кој решил да се пресмета со напаѓачите и ги брка околу автомобилот.
Засега нема официјална реакција од фудбалерите, клубот и полицијата за овој случај, a очевидците велат дека исплашениот Озил избегал од автомобилот и завршил во најблискиот ресторан каде добил помош од вработените.
Сеад Колашинац испадна вистински херој, го одбрани Озил од крадците и му ја спаси колата. Двјацата фудбалери минале без повреди, а случајот е пријавен во полиција.
https://twitter.com/EPLBible/status/1154481462219104262?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1154481462219104262&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fozil-kolashinac-napadnati-srede-london-bosanecot-impresionirashe-hrabrosta-video%2F
Mesut Ozil’s car got jumped, Kolasinac jumped out and backed the beef. #YaGunnersYa pic.twitter.com/CxsJeiCvxw
— James (@smhjaames) July 25, 2019