(ВИДЕО) Напаѓачката го мрaзела YouTube и ја обвинувала компанијата за цензура

Триесет и деветгодишната Насим Наџафи Агдам од Сан Диего, која со огнено оружје во седиштето YouTube близу Сан Франциско, тоа е го сторило поради тоа што го мрзела сервисот за размена на видео матријали и ја обвинувала компанијата за цензура, пренесуваат американските медиуми

Жената посеала паника меѓу вработените пред да се самоубие. Полицијата објави дека се чини дека нејзиниот мотив бил од личен карактер, а медиумските информации во вторникот вечерта фрлаат повеќе светлина на профилот на Агдам.

Според San Francisco Chronicjle, осомничената по потекло од Калифорнија, била гневна на YouTube овинувајќи го на сопствената интернет страница дека ги цензурира видео снимките, од кои некои прикажувале злоставување животни. Според Mercury News, таткото на жената го потврдил нејзиниот анимозитет кон сервисот.

Според полицијата пукала врз персоналот на седиштето на YouTube во текот на паузата за ручек пред самата да се убие со сопственото оружје. Иако пукањата како вторничното се чести во САД, многу ретко ги изведуваат жени.

Бројни очевидци опишуваат призори од хаос во зграда ја оваа подружница на Google, Брунсместена Сан Бруно, околу 20 километри јужно од Сан Франциско, во средината на Силициската долина каде што имаат седиште најголемиот број технолошки компании.

Според портпаролот на болницата „Zuckerberg General“ во Сан Франциско која примила тројца ранети, станува збор за две жеени на возраст 26 и 32 години. Првата е во сериозна состојба, додека втората е полесно ранета. Маж од 36 години е во критична состојба.