Последната танцова двојка која настапи во неделата во шоуто „Танц со ѕвездите 2“ беа каратистката Наташа Илиевска и танчарот Даниел Кимовски, а со својот англиски валцер го расплакаа Васил Зафирчев.
Со својата танцова, но и театрална изведба полна со емоции, Наташа и Даниел успеаја за прв пат во втората сезона да ги натераат сите тројца членови на жирито да станат и да им аплаудираат.
Одличниот перформанс кој се случи во најголемото студио на МРТ, заслужено ги доби најголемите оценки. Васил Зафирчев не можеше да остане рамнодушен на нивниот одличен танц кој предизвика солзи на неговото лице.
Тој не сакаше ниту да ги скрие солзите од камерите, достојно и стоечки остана да им го искаже своето задоволство, пофалбите и секако уживањето во нивниот танц кој вистински ги трогна присутните.
Во исчекување на новата епизода од најинтересното македонско шоу „Танц со ѕвездите 2“ кое се емитува секоја сабота и недела во 20:15 часот на првиот канал на МРТ, погледнете го англискиот валцер на Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.