ВИДЕО: Натпреварувачите во улога на Кики, Кристина, Емина и Жељко

Популарното шоу Х фактор не е само потрага по таленти и идни музички ѕвезди, тоа е шоу во кое натпреварувачите  заборавија на конкуренцијта, се зближија и станаа едно големо, среќно семејство.

Веќе знаеме дека по цели денови тие се заедно, на пробите и подготовките за настапите во живо, па често се шегуваат. Овој пат тие се пошегуваа на сметка на судиите и нивните типични зборови, изјави, гримаси и изливи на емоции.

Погледнете како натпреварувачите ги имитираат своите строги и емотивни судии и ментори.

Мора да признаеме дека покрај талентот за пеење, овие натпреварувачи поседуваат и талент за глумење и имитирање. Само да не им се налутат и да ги искараат.