(ВИДЕО) Не е фантастика – Започна да лета мотоциклот на Lazareth

Француската компанија Lazareth Auto-Moto го прикажа во видео летачкиот мотоцикл Lazareth LMV 496. Францускиот „ховербајк“ може да се трансформира за да се движи по асфалт или да лета во воздух.

Пред неколку месеци фирмата првпат објави дека работи на производство на мотор-квадрикоптер, кој тоа време сè уште не беше „полетан“ во воздух. Сега веќе може да се види трансформацијата од патнички мотор во воздушен. Lazareth LMV 496 се базира на мотоциклот LM847, но наместо 4.7-литарскиот V8 мотор од Maserati, има четири турбини.

Во конструкцијата на Lazareth LMV 496 се користени јаглеродно-кевларни композити и други супериздржливи и лесни материјали. Мотоциклот има двојни тркала кои од вертикална во хоризонтална положба се трансформираат преку копче на централната табла. Во секое тркало е вградена турбина со моќност од 1300 коњски сили.

Во режим „летање“ на таблата се прикажуваат сите потребни информации: брзина, надморска височина, геоподатоци, брзина на турбината и слично.

Lazareth LMV 496 Flying Motorcycle, најверојатно, ќе биде пуштен во продажба во многу ограничена серија.