ВИДЕО| Неколку објекти сериозно оштетени во земјотресот во југозападна Франција

Најмалку едно лице е повредено а повеќе објекти се сериозно оштетни, објави во саботата префектурата на југозападната префектура Де Севр на Twitter по земјотресот со магнитуда 5,3 според Рихтер кој во петокот вечерта го погоди овој регион на Франција.

„Спасувачите го згрижија човекот со полесна повреда“, се наведува во твитот и се додава дека околу локалната црква е востановен безбедносен периметар.

Во некои општини од префектурата еведентирани се значителни оштетувања на згради. Според радиото Franceinfo, големо оштетување имало на црквата во градот Курсон во западниот департман Поморски Шарант. И во општината Арсе тамошната црква останала без дел од сводовите.

Во општината Ла Лен, пак, значително е оштетена камбанаријата на тамошната црква, а десетици куќи се прогласени за непогодни за живеење поради големи пукнатини на ѕидовите.

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран на западот на Франција во петокот вечерта во 18,38 часот по локално време. Епицентарот на подземниот удар бил на длабочина од 10 километри, на 14 километри севверно од општината Суржер. Потоа во истата област се регистрирани уште два потреса со магнитуди од 3,1 и 4,4 стпени.

Земјотрес со магнитуда од над 5 степени во континентална Франција последен пат е регистриран во 2019 година, а во сега погодениот регион дури во далечната 1972 година.