
Во напад со беспилотни летала незначително се оштетени неколку згради во Москва, објави рано во вторникот градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.
„Од безбедносни причини, работат службите за итни состојби, преземени се мерки за евакуација на жителите од неколку влезови во две згради, кои беа погодини од беспилотно летало“, обајви Собјанин.
Руската државна новинска агенција РИА објави дека некои жители на зградата на улицата „Профсојузнаја“ во јужниот дел на Москва се евакуирани.
Неколку руски канали за пораки Telegram објавија дека четири до десет беспилотни летала биле соборени на приодите кон градот.