![tirana protesti](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/tirana-protesti.jpg?resize=653%2C436&ssl=1)
Едно лице е повредено во засега неразјаснет инцидент во Тирана каде по втор пат се собраа повеќе илјада луѓе во протест против рушење на зградата на Националниот театар.
Неколку илјади демонстранти и стотина полицајци стоеја лице в лице во центарот на Тирана повеќе од два и пол часа, за време на протестот поради ноќната акција на локалните власти ккога беше срушен објектот на Националниот театар изграден во 1939 година.
Демонстрантите, меѓу кои се видени и шефот на демократите Љуљзим Баша, дисидентот Фатос Љубоња и десетина актери бараат независна истрага за начинот на кој беше срушена зградата, но и оставка од градоначалникот Арион Вељаја.
Битката за театарот трае веќе две години.
Полицијата досега уапси 50 луѓе, вклучително и сопругата на претседателот Илир Мета.