Засега непознати напаѓачи извеле неуспешен атентат врз премиерот на Хаити, Ариел Анри, во текот на прославата на 218-годишнината од независноста на земјата во северниот град Гонаивс, пренесува во неделата локалната телевизија teleSUR.
Откако премиерот Анри го напиштил храмот во кој се служела по повод празникот, во близината на црквата се слушнале неколку истрели. Обезбедувањето брзо го евакуирало премиеро на безбедно место и тој не бил повредени. Во прилогот се додава дека во престрелката која следела најмалку едно лице е убиени, а неколку се ранети.
По инцидентот, властите откажале бројни други настани низ земјата планирани за прославата на Денот на независноста на Хаити од Франција на 1-ви јануари 1804 година.
„Во соборниот храм во Гонаивес дојде до пукање, при што најмалку едно лице загина, а неколку се ранети. Премиерот на Хаити не е повреден“, објави телевизијата VTV.
Потсетува дека кон крајот на декември, вооружените банди кои се активни во Хаити го предупредиле премиерот Анри да не присуствува на официјални настани во Гонаивс, а исто така извеле вооружен напад врз работниците кои ја поставувале бината на главниот плоштад во градот.
Владината и безбедносна криа низ која минуваше Хаити последните години остро се влоши летово, откако на 7-ми јули 2021 година беше изведен добро организиран атентат врз претседателот Жованел Моисе, од група колумбиски платеници, а сѐ уште е мистерија причината за неговата ликвидација, како и нарачателите. Потоа во август земјата беше погодена од разорен земјотрес кој однесе над 2.200 човечки животи, поради што хуманитарните агенции на ОН предупредуваат за големо влошување и на безбедносната и на химанитарната ситуација на Хаити.
ATENCIÓN. Este es el video en el que se ve cuando abren fuego contra el primer ministro de Haití, @DrArielHenry al concluir una misa por el 218 aniversario de la independencia de #Haití celebrada en Gonavies. Salió ileso del atentado. #rcnoticias #robertocavada pic.twitter.com/0joWpOhjWL
— Roberto Cavada (@rcavada) January 2, 2022
ATENCIÓN. Este es el video en el que se ve cuando abren fuego contra el primer ministro de Haití, @DrArielHenry al concluir una misa por el 218 aniversario de la independencia de #Haití celebrada en Gonavies. Salió ileso del atentado. #rcnoticias #robertocavada pic.twitter.com/0joWpOhjWL
— Roberto Cavada (@rcavada) January 2, 2022