Операторот на подземната железница во Киев објави дека се затворени станици откако во нив поради силниот дожд продрела вода.
Медиумите информираат дека улиците и метро-станиците во Киев се преплавени со вода поради силниот дожд, а градот е заглавен во сообраќаен метеж.
Во поплавите кои зафатија делови од западна Европа загинаа најмалку 189 лица, а стотици се водат за исчезнати. Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична енергија и вода за пиење.
Академмістечко 😰 pic.twitter.com/s7AymkszKK
— Київ Оперативний (@KyivOperativ) July 19, 2021