(ВИДЕО) Нов голем пожар во Бејрут, жителите во паника го напуштаат градот

Голем пожар кој избувнал во четвртокот во бејрутското пристаниште ги вознемири жителите кои сѐ уште не се соземаа од разорната експлозија предизвикана од пожар во пристаништето во либанската престолнина минатиот месец во кој загинаа 190 луѓе, а без домови останаа илјадници луѓе.

Пожарот избувнал во ткн „дјути-фри“ зона на пристаништетот, а гус столб од чад се издигнувал над Бејрут. Воен извор за AFP рекол дека сѐ уште не е позната причината за пожарот. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот во пристаништето во кое во експлозијата од 4-ти август беа уништени складишта за опасни материи и најголемите бетонски силоси за жито во земјата.

Началникот на службата за цивилна заштита изјави за либанската телевизија Al Jadeed дека немаат информации што го предизвикало пожарот, но ги повика жителите на Бејрут да останат мирни и дека огнот не се проширил на околното подрачје. Засега нема повредени, но многу жители преплашени и истрауматизирани од експлозијата од 4-ти август го напуштаат градот.

„Принуден сум да ги изведам жената и двете деца од Бејрут поради чадот и пожарот кој повторно избувна во пристаништетот“, изјавил Маџед Хасанеин. Додал дека неговиот син сѐ уште е во шок поради претходната експлозија во која околу 6.000 луѓе беа повредени, а 300.000 останаа без своите домови.

Шефот на либаснкиот Црвен крст, Георге Катанех изјави дека нема опасноста од уште една експлозија и дека нема повредени, иако некои се жалеле на отежнато дишење.

Либан последната година е потресуван од голема економска криза којашто претставува најголема закана за стабилноста на оваа земја од граѓанската војна меѓу трите милиции – сунитските, шиитските и христијанските, која се водеше од 1975 и 1990 година.