Американскиот претседател Џон Бајден не можеше да ги најде излезот по говорот во зградата на Централната разузнавачка агенција (CIA) во петокот, откако претходно во Белата куќа на глас на ги прочита забелешките од телесуфлерот ненаменети за изјавата.
На снимката што ја објави телевизиската мрежа Fox News, се гледа како Бајден откако ги пофали американските разузнавачи особено за нивниот придонес во предвидување на војната во Украина, заминува кон делот каде што стојат соработниците и гостите на обележувањето на 75-годишнината од формирањето на CIA, а пота ги шири рацете и останува неколку моменти да стои збунет.
Присутните брзо реагираа и на претседателот му помогнаа да се извлече од непријатната ситуација, упатувајќи го да се ракува со учесниците на настанот.
Малку претходно Белата куќа се обиде да објасни уште еден гаф на Бајден, кога гласно ги прочита упатствата за него од екранот од кој го читаше своето обраќање.
Говорејќи за правата на жените, во контекстот на одлуката на Уставниот суд на САД да ја поништи пресудата со која абортусот беше дозволен на целата територија на земјата, Бајден очигледно во конфузија наглас ја прочита забелешката специјално за него. „Повторете ја изјавата“, рече Бајден, а потоа навистина ги повтори претходно искажаните мисли. А во текот на говорот имаше уште еден сличен пех, повторно читајќи го упатството.
„Жените не се лишени од изборна или политичка моќ. Треба да се напомене дека процентот на регистрирани женски гласачи кои гласале е секогаш повисок од оној на мажите кои гласале – Крај на цитатот. Повторете ја изјавата – Жените не се лишени од изборна и/или политичка .. Поточно, не и/или: или политичка моќ“, рече Бајден.
Помошничката портпаролка на Белата куќа, Емили Сајмонс, подоцна во одговорот на зајадливите коментари на Twitter со извадокот од говорот на Бајден, напиша дека претседателот всушност рекол „Дозволете ми да го повторам тоа што го кажав“, иако на снимката јасно се слуша дека тој не користи лични заменки.
Претходно, во обраќање по повод Денот на независноста 4-ти јули, Бајден се обиде да ја опише Америка со еден збор, но тоа се претвори во своевидна неразбирлива „абракадабра“.
„Америка е нација којашто може да се дефинира со еден збор. Asufutimaehaehfutbw”, рече моменталниот станар на Белата куќа.
Еден од гафовите на Бајден кој наиде на силни реакции на социјалните мрежи беше и кога рече дека САД противтенковски преносни ракетни системи „Javelin“ ѝ ги испорачале на Русија, наместо на Украина.
„Пред Русија да нападне, се уверивме дека Русија поседува Javelin и други системи за зајакнување на нивната одбрана, така што Украина беше подготвена“, рече во една прилика Бајден.
Ова се последните во низата гафови и пехови на американскиот претседател, откако на неодамнешниот самит на НАТО во Мадрид, од дел од неговата изјава произлезе дека Северноатлантската алијанса си е закана самата себеси.
„Заклучокот е дека заедно Алијансата ги загрозува нашите позиции“, го цитираше агенцијата Reuters тогаш американскиот претседател во текот на неговите разговори со домаќинот на самитот шпанскиот премиер Педро Санчез.
Веднаш потоа, американскиот челник се исправи, велејќи дека Алијансата заедно „се бори против заканите и ја зајакнува својата позиција против заканите од Истокот и искушенијата од Југот“. Следеше „збунката“ со Шведска и Швајцарија, во неговото поздравување на аплицирањето на скандинавската земја за членство во НАТО.
На истиот настан Бајден го прекршил кралскиот протокол, и спротивно на утврдените прописи прво се поздравил со кралицата Летиција а не со шпанскиот монарх Филип Пести, а потоа сосема непримерно ја ставил раката околу нејзината половина, известија шпанските медиуми.
Претходно американскиот претседател Бајден имаше низа гафови, како кога сопругата на поранешниот претседател Барак Обама, Мишел ја нарече потпретседателка во периодот кога самиот тој ја извршуваше таа функција во двата мандата на нејзиниот сопруг. Покрај тоа постојано својата потпретседателка Камала Харис ја нарекуваше „стопан“ на Белата куќа, ги мешаше Сирија со Либија, Ирак со Иран….
Поради ваквите испади, уште кон средината на минатата година поранешниот лекар на Белата куќа, конгресменот Рони Џексон.. го повика веќе 80-годишниот претседател Џо Бајден неизоставно веднаш да направи тест за когнитивно нарушување, велејќи дека „менталниот пад“ и заборавност на американскиот челник станале позабележителни. Тој тогаш објави отворено писмо кое го потпишаа и уште 13 републикански конгресмени. Тие инсистираат демократот Бајден да го следи примерот на својот републикански претходник на претседателската должност Доналд Трамп, кој се подложи на слично тестирање.