(ВИДЕО) Новозеландската премиерка по ерупцијата: Размерите на трагедијата се катастрофални

Новозеландската премиерка Џасинда Арден изјави во вторникот дека димензиите на трагедијата на Белиот остров по ерупцијата на вулканот во понеделникот се катастрофални, додека полицијата покрена истрага за настрадувањето на групата туристи и нивниот водич.

Полицијата претходно соопшти дека од 47 лица на приватниот остров или во неговата близина во времето на ерупцијата, петмина смртно настрадале а 31 лице е повредено. Многумина од повредите сѐ уште во вторникот се во критична состојба.

Оние кои ја преживеаја оваа природна катастрога се лекуваат на болничките одделенија за изгореници ширум Нов Зеланд, додека полицијата продолжува да трага по осуммината исчезнати лица за кои се верува дека се мртви.

Портпаролот на министерството за здравство, Пет Вотсон, изјави за медиумите дека е можно сите пациенти да не преживеат. Дваесет и седум луѓе се здобиле со изгореници на повеќе од 30 отсто од површината на телото и двесетеина се во критична состојба, додал.

„Размерите на оваа трагедија се катастрофални“, рече премиерката Арден во парламентот во вторникот, додавајќи дека меѓу повредените и исчезнатите се државјани на Австралија, САД, Велика Британија, Кина, Германија, Малезија и Нов Зеланд.

Во меѓувреме и новозеландската полиција во вторникот соопшти дека отвора истрага за околностите на смртта и повредувањето на групата туристи и нивниот водич по ерупцијата на вулканот на Белиот остров. Станува збор за активен вулкан 48 километри од Северниот остров на Нов Зеланд